Press "Enter" to skip to content

Верници пред полноќ во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)

И годинава голем број на верници од сите краишта на Битола дојдоа во населбата “Довлеџик“ во црквата “Св. Анхангел Гаврил“ да запалат свеќа за здравје и да го помолат на  светецот, а гужбите биле големо. Дел од битолчаните кои ги сретнавме ни некои рекоа поради новите состојби со ковидот, дојдоа подоцна околу полноќ, кога нема гужва, да бидат  претпазливи. А, дворот за верниците уреден, со патека од улицата до црквата, со осветлување, каде доаѓа до израз убавата фасада од тули, единствена во Битола, а верниците останаа верни на децениската традиција, да бидат дел од празнувањето посветено на Светецот.Убавото време и вербата во светецот, и вечерва ги донесе битолчани во убавата црква во Битола, кои почекаа во ред купување на свеќи, како и за влегување во црквата.Верниците влегуваа внатре во црквата да ја целуваат светата икона и ги видат прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот.

А, така беше и за влез во малото црквиче каде е светата вода.И утре пред пладне се очекува тука да има голем број верници, кои вечерва не успеаја да дојдат во црква “Св. Архангел Гаврил“, за да се помолат за здравје и простување на гревовите.