Press "Enter" to skip to content

Изложба на костими и чалгиски ора и песни на ансамблот “Македонија“ во Офицерски, во Битола (фотогалерија)

Дел од програмата на битолското културно лето, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, беше и вчерашната незаборавна вечер во Офицерскиот дом во Битола, исполнета со настап на ансамблот “Македонија“.На овој настап претходеше отворањето на изложбата на костимите од периодот на Ала Франга со потекло од крајот на XIX и почеток на XX век.На изложбата беа прикажани и најрепрезентативните елементи кои се носеле во градовите Битола, Прилеп и Скопје.

Атмосферата беше збогатена со настапот и презентацијата на чалгиската традиционална култура претставенa преку песните и ората кои биле на репертоарот на повеќе градски центри се до почетокот на XX век.

More from КултураMore posts in Култура »