Press "Enter" to skip to content

Во Битола 66 нови позитивни на ковид-19, одравени 45, активни 384 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на ковид-19, од Битола се 66.

Регистрирани сe 638 оздравени пациенти од  Битола се 45.

До сега во Битола има вкупно 16.626 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 384 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, нема од Битола.

Направени се во Битола тестови преку ЦЈЗ Битола 64 и преку “Плодност“ 14.

Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901.