Press "Enter" to skip to content

Промоција на зборник и алтернативен рок на вториот ден на “300 работи, триста“ (фото)

Синоќа во кафулето “Радост“, кај градскиот часовник во центарот на Битола, во рамките на вторит ден на алтернативниот фестивал “300 работи, триста“ се промовира зборникот “Колегиумски записник 009“ чиј главен уредник е Игор Трајковски – Фоја, кој е и основач на Фестивалот.

За ова дело Трајковски ќе каже:-Овој зборник со наслов “Колегиумски записник 009“ , како што преудицира и самиот број 009, е деветти од ваков вид на публикација, која се случува во рамките на 10. фестивал “300 работи, триста“ – фестивал за литература и аудио визуелни уметности. Како глаевн и одговорен уредник искрено се надевам дека одредено дело, сплет на или идеален случај и целиот зборник, ќе поттикне здраво разумна мисла, па таа мисла преку идеја се преточува во конкретно, завршено уметничко дело, а процесот на восприемање на тоа дело може да доведе до раѓање на нова мисла кај публиката, што е нужно во време на отуѓеност од ближниот.Сите прусутни добија и посебен пакет, во кој покрај зборникот беа спаковани и изненадувања, што не се случува на промоциите.Во зборникот се поместени трудови на Илија Талев, Весна Куслеска, Митра Дупчинова, Игор Трајковски – Фоја, Владимир Симоновски, Газмен Изаири, Владо Ѓоревки – Рафик, Гордана Такец, Иван Јоцка Јанчев, Габриела Давидевска, Симс Себастијанс – Паркет, Ивана Христова, Зоран Талевски и Ак.Пр.Др.Ов.То. Матич.За вториот дел од вчерашниот втор ден се погрижи ди-џејот Илија Талев – the hair, рече:-Јас сум дел од овој алтернативен фестивал од самиот почеток, и секоја година имам значително учество, па така и оваа година. Се надевам дека сите заедно кои сме вклучени во организацијата на овој фестивал дадовме придонес кон развојот на алтернативната култура во Битола. За мојот сет ќе кажам дека е во рамката на Фестивалот, а присутните ќе слушаат и ќе се забавуваат со алтренативен рок.

More from КултураMore posts in Култура »