Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка измамена за 7.500 евра од лице кое го запознала преку фејсук, велосипедист почина по удар во запрен “шаран“, физички напад…

На 27.07.2022 во СВР Битола, 49 годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари. Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа “Фејсбук“ и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе и ги врати. Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно и се претставило и дека не поседува фирма, настанот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.07.2022 во СВР Битола, 27-годишна жена од Битола пријавила дека на ул. „Пеце Матичевски“ во Битола била физички нападната од Д.Т. со кого била во врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.07.2022 во СВР Битола, Т.Д. (52) од Битола пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син на возраст од 24. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.07.2022 околу 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски Гемиџии“, велосипед, управуван од 70 лице од Битола, удрил во запрено патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  51 годишник од Битола. По несреќата велосипедистот  бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола. Подоцна, во текот на денот, истото лице  повторно се јавило во Клиничката болница Битола и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што вчера починал на Клиниката за неврохирургија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

На 27.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 34 возачи, од кои 26 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 8 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.