Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 114 возачи возеле пребрзо

На 31.07.2022 во периодот од 14.00 до 20.00часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 114 возачи, од кои 83 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 31 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »