Press "Enter" to skip to content

Капитенот на КК Пелистер, Стајиќ останува во Битола и следната сезона

Кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола ги започна активностите за создавање на квалитетен тим за следната сезона, а капитенот на тимот Бобан Стајиќ останува во Битола уште една сезона, откако го продолжи на договорот.

Искусниот капитен на Пелистер, кој има 28 години ќе биде еден од лидер во тимот следната сезона и ќе предводи неколку помлади кошаркари кои се очекуваат.

Бобан Стајиќ како искусен и квалитетен кошаркар пред две сезони дојде во Пелистер, а има настапувано и за Лирија, МЗТ, Фени, Куманово, Работнички и Кожув.

Пелистер деновиве потпиша и со Двојаковски од Навико ФМП Академија, а вицешампионот најави дека во следните денови ќе обелодени и дел од засилувањата.

Пелистер до овој момент го напуштија Кесар и Младеновиќ.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »