Press "Enter" to skip to content

Михаил Талевски од Пелистер потпиша тригодишен договор со Осијек

Младиот македонски фудбалер на Пелистер, Михаил – Мики Талевски, од Битола, роден 2004 година, потпиша договор со екипата на Осиек, Хрватска, со траење од три години. 18-годишниот напаѓач оваа сезона ќе го има првиот интернационален предизвик е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб.

-Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб, изјави Талевски.

Младиот репрезентативец Талевски, играше за Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »