Урбан Лесјак, денес беше и официјално претставен како ракометар на Еурофарм Пелистер, во клубските простории, а на преставувањето за тоа како се одлучил за Битола рече:
-Кога стигна опцијата за Битола, веднаш ми беше интересна. Градот го знаев, бидејќи играв тука со Хановер. Филип Кузмановски ми кажа многу убави зборови за клубот, градот, организацијата, сопственикот и засега сè функционира супер и едвај чекам да почнат натпреварите. Словенците имаат големо почитување за македонскиот ракомет. Знаеме што значеа Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер, кој е на добар пат. Имаме добар ростер, имаме луѓе зад нас во клубот кои добро работат и верувам дека ова е добар проект.
За тоа како гледа на новиот Еурофарм Пелистер, Лесјак рече:
-Со голем ентузијазам гледам на проектот, бидејќи ако не беше така немаше ни да се одлучам да дојдам тука. Драго ми е што ќе имам голема одговорност, што ќе бидам битен за екипата. Верувам во својот квалитет и во квалитетот на екипата. Свесен сум дека голманската позиција е многу битна и ќе дадам сè од себе. Тешко е да оценам каква е екипата во овој момент. Тешки се нозете, доста трениравме и физички се подготвувавме. Имаме интелегентна екипа која може да игра повеќе начини на ракомет – од брз, до тактичен. Спремни сме за сè сезонава.
Инаку, Урбан Лесјак има одлично “си-ви“, а во него стои:
24.08.1990 (Целје, Словенија)
2010-2018 – Целје Пивоварна Лашко
2018-2022 – Хановер
2022 – Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)
Член на репрезентацијата на СловенијаОсвојувач на бронзен медал на Светското првенство во Франција 2017 година