Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со машина за сечење дрва на корзо

Деновиве во вечерните часови низ Широк Сокак во Битола, од Саатот па се до бутките на Шеталиште има невидена гужва, и тешко е да се помине. Овие денови оние кои редовно излегуваат се ознагледаа секакви работи, лошо или добро облечени, шетаи со кучиња, со велосипеди, се слуша разна музика од сите жарнови, бегање од кучиња скитници…

Но, вчера вечер битолчани ги дочека и ново изненадување. Имено, некој наш сограѓанин на корзо излегол во својата машина за сечење дрва, а “аранот“ го имаше паркирано на тротоар, пред Стаклената зграда, пред фонтаната, пред пешачкиот премин. Доволно кажува фотографијата, коментар не е потребен.

More from ВестиMore posts in Вести »