Денес 04.08.2022 Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола оствари средба со вработените во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола.
Од страна на полициските службеници од СВР Битола постапено беше по Планот за “Безбедно лето“ за преземање на зајакнати превентивни и оперативни мерки и активности за спречување и откривање на пожари на подрачјето на СВР Битола како и нивно навремено превенирање.
Разменети беа совети и идеи за заедничко постапување.