Во Битола се случува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив) фестивалот за прв пат се одржува во еден нов формат, во организација на “Бабец театар“ од Битола и е дел од годишната програма за култура на Општина Битола “Бит фест 2022“.
Оваа година Фестивалот започна со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што е продолжена традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница.
Со работилници, преку театар и со театарски јазик организаторите сакаат да ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот.
Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.
Честа први да настапат на единаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на децата од Театарската школа Бабец со претставата создадена по идеа на Јулијана Мирчевска со наслов „Јас Македонија“, која ќе се изведе утре под отворено небо, на платото на Офицерски дом.

Со театарска работилница за изработка на кукли стартуваше “Битолино“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин на водоснабувањето во населба “Карпош“
- Хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац засилување на Еурофарм Пелистер
- Пешачка патека со физички пречки на улицата “Св. Кирил и Методиј“
- “Глас против тишината – да зборуваме против насилството кое боли“
- СВР Битола: сопруга повредена од нејзиниот сопруг со остар предмет
More from КултураMore posts in Култура »
- Отворена изложба на слики, графики, портрети на Јован Димовски во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- “Прстен за неа“ – музичко патување со Сефедин Бајрамов, НУ камерниот оркестар заедно со Ана и Виктор (фотогалерија + видеа)
- Вечер концерт на Сефедин Бајрамов – “Прстен за неа“
- “Пинокио“ најнова премиера, детска претстава на Битолски театар
- Човекот што му даде македонски јазик на Шекспир: вечер посветена на Драги Михајловски










