Press "Enter" to skip to content

Во Битола 55 нови позитивни на ковид-19, оздравени 69, активни 257 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на КОВИД-19 од Битола се 55.

Регистрирани сe 659 оздравени пациенти од  Битола се 69.

Во Битола до сега има 17.027 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 257 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 80 теста преку ЦЈЗ Битола 64 и преку “Плодност“ 16.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.