Синоќа во Битола, во античкиот театар во Хераклеа Линкестис, Наум Петревски одржа јубилеен славенички концерт насловен како “Најдоброто од Наум“со што одбележа 35 златни години исполнети со песни, хитови, успеси, награди…Наум Петрески и продуцентската куќа “Авард промоушн“ на овој концерт го промовираше новото цеде “Најдоброто од Наум“, кое содржи дел од неговите најпознати хитови.
На јубилејниот концерт Наум Петревски со своите специјални гости се претстави пред публиката на Хераклеја со прекрасни македонски песни. Со тоа публиката имаше можност повеќе од 2 и пол часа да ужива во квалитетна македонска музика.Наум емотивно започна со неговата преубава македонска песна „Има ли песна“ која ја отпеа маестрално. Потоа најави дека на концертот неговите гости ќе ги пеат неговите хитови, македонски изворни но и свои песни.
Меѓу неговите гости на концертот беа изведувачите на народна музика од Битола Татјана Стефановска, Менде Куновски и групата „Боеми“, покрај нив фолк пејачката Зуица Лазова и новара звезда во подем младиот Владимир Поповски. Гоце Димовски Синтезис го придружуваше во изведбата на дело од македонски песни хитови на Наум Петревски.Татјана Стефановска со Наум Петревски во прекрасен дует ја отпеа македноската песна „Доста доста лично ле Стојне“, за потоа да ја изведе своја песна. „Русе ле моме убаво“и „Еј, другари, пријатели“.
Наум Петревски со групата Боеми од Битола ја воодушевија публиката која стана да пее и игра.
Наум Петревски на својот концерт ги претстави и музичките надежи новите сили во македонската музика Менде Куновски од Битола и Владимир Поповски.
Специјалниот гостин Гоце Димовски „Синтезис“ со својот инструмент зурла придружени со тапан јз изведоа „Лазарополе… таму најгоре“ со што допреа до душата македонска.
На концертот се нижеа многу хитови на Наум Петревски кој до ден денес се останати како ненадминати во македонскта народна музика. „Наде, Наде“ „Оди Звездо“ и „Жал за Деспина“ …со кои ја крена публиката на нозе.
Концертот беше спонзориран од Прилепска пивара и „Крали Марко“ .
По повод 35 години успешна музичка кариера на македонската и на балканската естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа „Авард промоушн“ покрај овој концерт на Хераклеа во Битола, ќе го промовираат новото цеде „Најдоброто од Наум“, на концерти во Охрид и Скопје.
Ж.Ристевска