Спорт Талент објавува отворен повик за пријава за учество во проект “Our colorful cities“, нашите шаренолики градови, во партнерство со организации од Полска и Италија.
Предвидени се три меѓународни размени на кои ќе земат учество по 9 учесници од секоја земја, почнувајќи од Вроцлав, потоа Милано и на крај во Битола.
Тема: Our colourful cities, ЕДУКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИТЕ СТАДИОНИ
Место: Вроцлав – Полска, Милано – Италија, Битола – Македонија
Време: 6-10 јули Вроцлав Полска,
23-27 Септември – Милано, Италија
Возраст: 18-30 години
Број на учесници: 8+1
Трошоците за патувањето и сместувањето се целосно покриени од проектот.
Предност имаат апликанти кои ќе бидат во можност за комплетно учество во сите работилници од проектот во споменатите градови, како и со познавање на англиски јазик во комуникативна форма.
Предност ќе имаат апликанти кои имаат претходни слични искуства и интерес за спорт.
Пријава на емаил: sporttalentbitola@gmail.com