Press "Enter" to skip to content

Приказната за култната дискотеката “Орфеј“ во Битола синоќа продолжи во “Расчекор“ (мегафотогалерија)

Синоќа во Битола, во ноќниот клуб “Расчекор“ се одржа втората по ред ретро журка во чест на дискотеката “Орфеј“ со мото “Влез саде за парови“ која привлече голем број луѓе, голем дел кои излегуваа во време на постоење на култната дискотека “Орфеј“.Ретро журката  во “Расчекор“ ги разби предрасудите дека постојат стари, постари  и млади. Оние кои се во душата млади, секогаш остануваат млади, особено рокерите. Синоќа се направи незаборавна журка, на која сите џускаа во ритмот на музиката од 70, 80 те години и време на експанзија на рокенролот. -Се надеваме дека со оваа ретро журка ќе ги потсетиме многу генерациии на нивната младост. Секако голем дел од нив ќе се сретнат по повеќе години, ќе се соберат истите „друштва“, ќе се присетат на дружењето, мајтапите. Можеби некој и ќе ја сретне својата симпатија од младоста. Една журка која сите ќе ги врати во време на младоста. Се надеваме настанот да прерасни во традиција, кажаа  организаторите“.Вака пишуваваме најавувајќи ја  првата ретро журка која се одржа август 2019 година. Традицијата продолжи синоќа во “Расчекор“ со  втората по ред ретро журка во чест на диското “Орфеј“. Кафе бар “Расчекор“ беше претесен да ги прими сите кои сакаа да присуствуваат, а се забавуваа до доцна. За забавата се погрижи ди-џеј Славе Келешовски кој допатува од САД во чест на убавите години на диското Орфеј, каде настапувал во делечната 1978 година.За успешната оргазнизација заслужни  Драги Лажијовски – Брус Ли, Славе Ќелешовски и Марио Трифуновски. Синоќа разговаравме со Драги Лажијовски или познат како БрусЛи, кој одлично ја направи целата организација.-Од идеја низ кафе-муабет, во мај 2019 година присеќавајќи се на тоа каде излегуваваме и како се забавуваме во 80 те години, ја органзиравме првата ретро журка во “Порта Џез“. Поради пандемијата имавме прекин. Оваа година веќе сите се интересираа пред време и еве вторта по ред која оваа година е во “Расчекор“ со многу луѓе. Еве ќе кажам дека според мене има 500 битолчани од Битола и странство. Голем дел вечерва се оние кои излегуваа таму одреден период, во диското “Орфеј“ во 80 тите години.  Продолжи вечерва со втората по ред ретро журка, и планираме да стане традиција наредни години на друга тема,дрес код, мото… во чест на диското “Орфеј“.Ди Џеј Славе Ќелешовски за ретро журката вели:-Уште во 2019 ја прифатив идејата за ретро журка, и ја одржавме. Убава идеја која еве сега ја има втората реализација и тоа мошне успешна. Јас сум пресреќен за оваа журка, само се фотографирам, снимам, а гледам дека и другите го прават тоа, Ме радува, гледам многу среќни лица, кои ја “знаат“ оваа музика од пред 40 години, која јас се уште ја пуштам по старо, на плочи. Прв пат сум тука во ноќен клуб“Расчекор“, а ова е одличен клуб, кој е опремен по сите светски стандарди за озвучување, осветлување, со одлична услуга. Се надевам дека ова ќе продолжи, а ќе ни се приклучуваат се повеќе наши „современици“ кои уживале во овие хитови, не само од “Орфеј“ туку и во останатите дискотеки во Битола каде сум пуштал музика, за што имам многу убави спомени и анегдоти кои во некој друга прилика ќе ги раскажуваме.

Во разговорот се приклучи и Златко Самарџиев – Кекело кој синоќа беше облечен во ретро стил, и праша Славе кога ќе ја постави “ретро вечерта“ и на која платформа за ди-џеи да можат да ја преслушаат, на што Славе му рече:-Кое поставување, каде да ја поставам, ова што се случува се случува сега, и нема реприза. Кој е тука ќе слуша и ќе ужива, а кој не е тука, ќе чека до година година.А оние кои беа тука, беа задоволни од тоа што се случуваше и ни рекоа:-Не е битно кој сме, тука вечерва сите се познаваме, а она пто ние го чуствуваме го чуствуваат сите. Се собравме за ретро журката и ете тука сме поголемо друштво од Битола, а тука има и по некој “странец“, што ни е посебно мило. Ова ни даде повод и викендов да го поминеме заедно со семејствата, а тоа ќе го направиме.Организаторите планираат да се организира ретро журка „тематска“ со дрес код и во зимските месеци кога голем дел од оние кои живеат и заминале во странсво доаѓаат  повторно дома, а Марио Трифуновски, сопственик на ноќен клуб  “Расчекор“ кажа:-Кога ми се обратија тука да се одржи втората ретро журка “Орфеј“ не се мислев воопшто.  Мене исто така ме врзуваат убави спомени со таа мала дискотека, во визба со ниски тавани, во центарот на Битола, каде сите се забавувавме, а јас организирав успешни журки, забави. Сега сме тука  “Расчекор“, а тука се битолчани кои својата забава ја продолжиле  во ноќен клуб  “Расчекор“ од самото отворање. Затоа ќе се сложам со вашето дека  “Расчекор“ ја продолжи приказната за “Орфеј“, но ќе додадам само дека и понатаму се уште ќе ја продолжуваме.  Оваа екипа која е тука вечерва, ни дава мотив во иднина да бидеме уште подобри и со подобрени содржини, секако со ди-џејот кој го одбележа тоа време, Славе Келешовски.Големиот  број млади луѓе од Битола кои излегувале, забавувале, вљубувале во “Орфеј“ беа синоќа во “Расчекор“, каде на вратата беа Аврамо и Бабушо исто како некогаш во добрите стари времиња..Тоа беше дел од старата екипа на “Орфеј“, а нив местото им го отстапија сегашното обезбедување на клубот. Дали Аврамо и Бабушо доследно се држеа до “Влез само парови“ не успеавме да откриеме.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »