Синоќа во Битола продолжи одржувањето 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал “Битолино“, кој се одржа под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив).
На фестивалот кој се одржува во еден нов формат, односно претставите ќе се одиграат под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом во Битола, синоќа се одигра претставата на театарската школа “Бабец“, насловена “Јас Македонија“, чии ментори по идеја е на Јулијана Мирчевска.
Во претставата се користени текстови од најпознатите македонски драми и поезија а костимите кои ги носат децата се оригинална македонска народна носија, целта на оваа претстава е преку театар да ги запознаеме генерациите што допрва доаѓаат со историјата на македонската драма и поезија, со традицијата и обичаите на македонскиот народ. Во претставата настапуваат 20 деца членови на театарската школа Бабец.
Честа да настапат им припадна и на „Мал театар“ од Прилеп и нивната феноменална детска претстава работена според бајката “Убавицата и ѕверот“. Децата во Битола после неколку години пауза ќе имаат шанса да погледнат мјузикл на македонски јазик одигран од тројца одлични актери од прилепскиот театар. Класичната бајка за Убавицата и Ѕверот и нивната љубов преточена низ музиката и аранжманот на Томе Темелкоски ќе биде една од приказните на ова издание кое ќе остане во сеќавањето на децата од кои повеќето за прв пат ќе гледаат мјузикл кој се изведува во живо.

“Јас Македонија“ на сцената на “Битолино“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Водици во Охрид – духовна светлина и вера во водите на Охридското Езеро преку фотообјективот на Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Светиот крст во рацете 16 годишниот Христијан Бошевски од Битола во храмот “Св. Димитрија“
- Православните Христијани денес го прославуваат Богојавление-Водици
- Во Битола сончево со умерена облачност, температурата до 3 степени
- Вечерва е Богојавленската ноќ, на полноќ се отвора небото, погледнете во него и јасно замислете желба
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)










