Во текот на утринските часови 1о август 2022, во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се шест возачи.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.