Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на КОВИД-19, од Битола се 41.
Регистрирани сe 803 оздравени пациенти од Битола се 37.
До сега во Битола има 17.310 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 273 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица, а преку Мој Термин се регистрирани 4 починати лица едно од Битола на возраст од 80 години.
Направени се во Битола теста преку ЦЈЗ Битола 61 и преку “Плодност“ 3.
Досега во земјата се направени вкупно 2.134.298 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905.