Press "Enter" to skip to content

Имер Рамизов живее највисоко на Баир и ја легализира куќата, сега ќе аплицира за средства до Фондот за реновирање

Живее на врвот од битолски Баир, на највисоката точка, на ридот, а сепак одлучи да ја легализира куќата. 49-годишниот Имер Рамизов е еден од ретките, ако не е единствениот жител во најгориот дел на улица Љубојно кој има решение за легализација. Додека десетици други семејства живеат на иста адреса Љубојно број 46, тој веќе има сопствено бројче 90. Имотот што го изградил прво како дивоградба, го легализирал во 2016 година. Легализацијата му отвора можност од септември да конкурира за добивање средства од посебен фонд наменет за реновирање на куќи на битолски Баир.Следниот месец посебен фонд  HRF за реновирање на куќи во ромската населба

Фондот за реновирање на домаќинства на ромско население во населба Баир ( HRF) е овозможен преку проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ финасиран од ЕУ, реализиран од COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола, кои успеа во последните години да направи коренити промени на Баирот кон подобро. Овој пат, фондот ќе обезбеди средства за Ромите кои имаат легализирани објекти да направат градежни интервенции врз домовите, од поставување на ПВЦ дограма, обновување на фасата и реконструкција на покриви.

„Одвај чекаме да конкурираме. Се измачивме дури ја изградивме куќата. Не е голема -една просторија, кујна и тоалет, но знаеме дека е наше. Легализирано е од 2016 година. Сега преку фондот добро би било да добиеме средства за да можеме да го смениме стариот лимен покрив, кој е ‘рѓосан и можно е да прокапи, а во куќата живеам со сопругата и внучињата од ќерката, па не би сакал да ни се нарушат условите за живот и да има влага“, вели Рамизов.

о семејството живеат од социјална помош и од откуп на старо железо. Вели цела младоста ја вложил за да го изгради сопствениот дом, со малку пари, припитомувајќи го местото кое било   карпест рид.

„Претходно живеев во Нова Битола на улица Димче Лахчански. Во семејството бевме повеќемина, четворица браќа, една сестра, родителите. Јас се женив и морав да се делам. Не можевме во еден стан од 56 квадрати сите да живееме. Дојдов на Бајрот. Тогаш тука беше рид. Прво купив штици, па направив шупа и така живеевме со години. Со текот на времето си купував материјал, малку-помалку и ја направив куќатата. Се лизгаше земјиштето, карпесто е местото, самиот подигнав потпорен ѕид која на шега сега го нарекувам кинески ѕид. Морав да го направам како потпора за да не се лизга. На вакво место да копаш, со казма , карпи е тешка работа. Јас три месеци копав за да можам да добијам рамна површина за куќа да се изгради“, се присетува Рамизов.Тимот за поддршка стои на располагање

Од Општината соопштија дека во соработка со проектот „Баир-Здружена акција“ моментално има 16 позитивно решени барања за легализација на објекти за баирската населба, а се надеваат дека со текот на времето таа бројка ќе биде зголемена. Со најавата за Фондот, расте интересот кај ромското население за легализација на објектите. Оние кои веќе отпочнале постапка можат да се обратат кај Тимот за логистичка поддршка кој функционира во рамки на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“.. Канцеларијата е сместена во месната заедница „Димитар Влахов“, а тимот прижа поддршка на ромските семејства во процедурите за легализација на објектите, а сега ќе им стои на разполагање и околу апликациите за средства од Фондот.

„Фондот за реновирање ќе биде наменет за оние објекти кои веќе се легализирани. Го потенцирам тој момент зашто според критериумите кои ќе бидат зададени за користење на овој фонд ќе бидат за семејства кои имаа легализиран дом и имаат имотен лист. Ние како тим за поддршка ќе им бидеме на располагање од 9 до 17 часот секој работен ден. За целиот процес планирани се инфо сесии на неколку локации во населбата Баир претежно онаму каде е сконцентрирано ромското население со цел сите информации да ги добијат од прва рака и целата потребна документација за да аплицираат да им биде подготвена“, вели Ремзи Медик.

Во моментот нема нов закон за легализација, па не можат да се поднесуваат нови постапки, Општината работи на завршување на веќе отпочнатите предмети.Активностите се дел од Кампањата за подигање на свест кај ромското население за легализација, во склоп на проектот “БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, финасиран од ЕУ, реализиран од ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »