На 13.08.2022 во 22.50 часот на улица “Васко Карангелески“ во Битола, од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 28 годишник од Франција, со привремен престој во Битола и 27 годишник од Битола, затоа што при преглед кај нив и во патничко возило “смарт“, со битолски регистарски ознаки, било пронајдено пакување со марихуана. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.08.2022 во 23.00 часот на ул. “Васко Карангелевски“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода 22 годишник од Битола и сопатникот на возраст од 28 години. При преглед на патничко возило била пронајдена и одземена тегла со марихуана. Во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници во текот на вчерашниот ден, од 14.00 до 20.00 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 71 возач. Од нив, 22 санкции се изречени на територија на Битола, 30 санкции во Ресен, 8 санкции на територија на Демир Хисар, по 5 санкции во Прилеп и во Македонски Брод и 1 санкција на територијата на Крушево, информираат од МВР.