РК Еурофарм Пелистер од Битола денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во нашите витрини.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, за учеството на Струшкиот турнир рече:
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, има настапувано на овој турнир, а за годинашниот рече:
-Турнирот во Струга ни е идеален турнир да се подготвиме за она што ни следи: Суперкупот и СЕХА лигата. Тоа ќе биде убаво искуство. Таму имаме пријатни спомени, игравме одлични натпревари во Струга. Некои ги добивме, некои ги загубивме. Очекувам одлична подготвителна недела. Ги знаеме сите екипи кои доаѓаат. На овој турнир се гледаме себеси и цел ни е да се подготвиме на овој нов систем и на тоа што ни следи наскоро. Ќе биде квалитетен турнир, како и секоја година. Има квалитетни домашни екипи, квалитетни се и странските екипи и очекувам машка борба и многу квалитетни натпревари.