Press "Enter" to skip to content

Се е подготвено за “Pelister Downhill Cup“, 80 натпреварувачи на новата патека Копанки-Детско

Битола веќе од денес ќе биде домаќин на 80 натпреварувачи и нивните тимови на 10. јубилејно издание на планинаката велосипедска трка “Pelister Downhill Cup“ која ќе се одржи в недела. Организатор е клубот Extreme Bike Team од Битола, кои истакнуваат дека се е подготвено за одржуваа на оваа трка на новата патека од Копанки до Детското одморалиште.

Тони Котевски, претседател на Extreme Bike Team од Битола за оваа јубилејна трка вели:-Ова ќе биде јубилејна 10. по ред планинска велосипедска трка “Pelister Downhill Cup“, на која како и секоја година ќе учествуваат 80 натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во пет официјални, а ќе има категорија за натпреварувачи од 14 до 16 години. Ќе има од Грција, Кипар, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, БиХ, а пријавени се и три жени. Што се однесува до патеката можам слободна да кажам дека и оваа како и секоја година, и оваа ќе има измени. Посебно ќе потенцирам дека имаме нова стартна рампа по сите стандарди, а на некои делници ќе се вози доста брзо и до 60 километри на час. Со сите овие измени сега патеката е во тешка категорија, а според некои сега оваа патека е сигурно во петте најдобри патеки на Балканот што за нас е посебно признание. Вложен е многу труд во последните месеци, а векендов сите ќе уживаме во “Pelister Downhill Cup“.

Јовче Даскаловски е дел од 15 возачи од Битола кои се дел од клубови и неколку рекреативци и е најголем фаворит од битолските возачи за освојување на медал. За оваа трка Даскаловски вели:-Како еден од поискусните велосипедисти, монт бајкери, можам да кажам дека оваа патека е најдобра досега, а тоа ќе го потврдат натпреварувачите од цел Балкан. Некои од ние возат на трки во цела Европа и нивната оценка ќе биде највалидна. Јас сум фаворит во мастерс и генерално на трката, но оваа година ќе има силна конкуренција и ќе биде многу тешко. Ќе има сериозна конкуренција од 15 до 35 години. Меѓу фаворитите со големо задоволство го најавуваме Марко Ламарис од Грција, Европски шампион во категорија до 17 години. Исто така од Бугарија ќе биде Димитам Мазнејков кој шампион во Бугарија и солиден натпреварувач, а секако ќе има и други звучни имиња.

Од Extreme Bike Team од Битола ги покануваат битолчани да бидат на патеката. Ќе има неколку места за одмор и пијалоци, на стартот на Копанки, на платформата на “Молика“, на големиот скок и секако на целта каде ќе биде најинтересно, каде ќе има забава за сите.