Press "Enter" to skip to content

Во Струга Еурофарм Пелистер го доби новото бековско засилување, Мохамед Суси

Вчера во Струга Еурофарм Пелистер од Битола го претстави своето најново, а воедно и најголемо бековско засилување, тунискиот репрезентативец Мохамед Суси и веднаш му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер. По тој повод Еурофарм Пелистер соопшти:

-РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. 29-годишниот лев бек потпиша договор на една година, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Трансферот е официјализиран откако ракометарот денес пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.Долгогодишниот репрезентативец на Тунис доаѓа во Битола по долги години играње во Франција, а минатата сезона играше за Трембле, а претходно три сезони за Монпелје каде беше стана европски првак во 2018 година, а следната сезона и Суперкупот на Франција. 

Суси има повеќе од 100 настапи за туниската репрезентација, настапи на три Светски првенства и еден олимписки ракометен турнир. Суси е висок 193 сантиметри и тежок 98 килограми. Официјално пред медиумите ќе биде претставен в понеделник на 22 август во 20 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »