Press "Enter" to skip to content

Кафе барот “Централ“ одбележа 3 години од отворањето

Кафе барот “Централ“ кое е отворено пред 3 години во август 2019 година стана место за кафе шема во секое време од денот на Широк Сокак. Оваа 2022 година прослави 3 години постоење со забава и гости кои редовно го посетуваат ова место. За добрата музика и забава се погрижи ди-џеј Иле Косата.

Сопственикот Димче Ивановски по овој повод изјави:

-Пред три години се отвори кафулето кафе барот “Централ“ или да кажам по свое, нултата точка на Битола, на самиот почеток од најубавата улица во која да се прошеташ, да седнеш, а и да бидеш виден е дел од градските навики. Три години откако ставивме почеток на местото кое значи еден вовед во Широк Сокак. Од тука почнува се, место кое значи средба со драги луѓе со кои си го пиете утринското кафе додека ги раскажувате случките низ градот, место на кое ако се одлучите на слатко задоволство сте сигурни дека ова е местото за добар десерт, место во кое може да одгледате навечер и фудбалски натпревар додека гледате на Градскиот саат наместо на времето кое се прикажува на екранот.

Овде кај нас во кафе барот “Централ“ најдобро се гледа колку е Битола космополитски град, бидејќи на истото место се среќаваат и староседелците и оние кои штотуку дошле во градот и бизнисмените и другарките од детство и туристите…. ова е место каде што започнува се. Нека ни се множат годините со убави спомени.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »