Играта на светлината одлично ја надополни музичката вечер наречена “Љубов и светлина“ на која настапија тројца музичари од Битола, Марина Коруновска – мецосопран, Александра Ристевска – пијано и Марјан Бакревски – кларинет, синоќа во Офицерскиот дом, во Битола, во рамките на Бит фест. Битолчани поминаа уште една прекрасна музичка вечер во рамките на Бит фест, чиј концепт оваа година донесе настани за сечиј вкус.Спојувањето на тројца врвни музичари, преку искучително добро одбраниот репертоар, во кој сите тројца покажаа дека се извонредни во својата област, на сцената донесе музика од Хајдн, Брамс, Шуберт, Григ, Прокопиев, Дебиси, Мусоргски и Пијацола.
Марина Коруновска, Александра Ристевска и Марјан Бакревски се професори во Државното музичко училиште во Битола.
МАРИНА КОРУНОВСКА е македонски мецо-сопран, родена во Битола. Средното музичко училиште го започнува во Битола во класата на проф. Пеце Митревски а како исклучителен талент го завршува во Белград, Р.Србија во класата на проф. Људмила Грос со мислење на солопеачкиот отсек : “Марина Коруновска, спаѓа во редот на најталентирани ученици во музичкото училиште Коста Манојлович”Дипломира на Националната музичка академија во Софија, Р.Бугарија во класата на проф. Ирена Брмбарова со највисоки оцени.Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признание за културен допринос на општина Земун, Р.Србија.
АЛЕКСАНДРА РИСТОВСКА е родена во Битола, каде го започнува музичкото образование од својата петта година во класа пијано на проф.Василка Куновска. Средното музичко образование го завршува во класа пијано на проф. Маргарита Татарчевска.Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје во класа пијано на проф.м-р.Евушка Елезовиќ. Активно соработува со : Стефан Тасевски- саксофон, Маја Митровска- сопран, Марина Коруновска- мецо сопран и камерниот оркестар на Битола. Од 2002г. до денес работи како наставник по пијано и корепетитор во Државното музичко училиште во Битола.Од 2017 е асистент во школата Korunovska singing & music.
МАРЈАН БАКРЕВСКИ роден во Битола. По завршување на музичкото образование во Битола и летниот камп Интерлохен во Мичиген, музичкото образование го продолжи во Бостонскиот Конзерваториум за Музика во Бостон и универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург, Австрија.Во повеќегодишниот престој во САД има редовни оркестарски и камерни настапи во рамки на универзитетскиот оркестар и камерни групи, но и со оркестрот Charles River Wind Ensamble.По завршување на студиите во Моцартеум, Марјан живее во Виена каде што е член на оркестрите Kagran Musik Orchester, Dorfmusik Strebesrsdorf и Wiener Regimentorchester IR4 Deutschmeister каде што настапува како соло кларинет и водач на групата кларинети.Од 2013 започна со работа во основното Музичко училиште во Прилеп, а од тогаш до денес работи во Државното музичко училиште – Битола, и е диригент и основач на Битолскиот Дувачки Оркестар.

Музичката вечер наречена “Љубов и светлина“ ја следеа голем број љубители на музиката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одбележани 117 години од смртта на Ѓорѓи Сугарев (фото)
- Пораз на Еурофарм Пелистер 2 во Кавадарци
- По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“
- Билтен на МВР: приведен крадец-украденото вратено, нападната жена од лице со кое била претходно во врска
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом