Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 27 нови позитивни на ковид-19, оздравени 28, починато едно лице на 82 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.284 тестови, а регистрирани се нови 429 случаи на КОВИД-19, во Битола се 27.

Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од Битола се 28.

До сега во Битола има 17.610 лица кои биле или се позитивни на ковид-19,  а активни се 228 случаи.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, едно од Битола на 82 години.

Направени се во Битола 31 тест преку ЦЈЗ Битола 26 и “Плодност“ 5.

Досега во земјата се направени вкупно 2.144.544 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.549, бројот на оздравени пациенти е 326.217, на починати е 9.455, а бројот на активни случаи изнесува 2.877.