Press "Enter" to skip to content

Ѓорговски и Стоилевски промовирани во членови на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер од Битола ја информира јавноста дека ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски се прекомандувани од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер.

Двајцата  ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер.

Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата.

Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

More from СпортMore posts in Спорт »