Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“ со соопштение до пациентите кои доаѓаат со возила

Се замолуваат, а воедно и се предупредуваат пациентите кои што доаѓаат во болница “Плодност“, да паркираат на паркинг просторот од 2.000 метри квадратни, со 200 паркинг места, кој им е ставен на располагање во дворот на болницата.

Ваквото предупредување следува по паркирањата на пациентите на околните тревни места, по што истите се казнети. Полицијата постапува по претходна пријава, така што пријавените возила на пациентите се подигнуваат со пајак службата, а возачот добива и казна.

Со паркирањето на соодветниот паркинг простор, пациентите нема да бидат изложени на казнување и дополнителни трошоци.