Press "Enter" to skip to content

Младите од Еурофарм Пелистер 2 заминаа за Австрија на историско деби во Евро лигата

По завршувањето на натпреварот во Битола на тимот на Еурофарм Пелистер, нивните помлади колеги од Еурофарм Пелистер 2 откако ги бодреа и се радуваа на успехот заедно со нив го започнаа нивниот пат од Битола до Виена, каде ќе го играат првиот натпревар од Европската лига, против екипата на Алпла Хард од Австрика.

Младите “пелистерци“ ќе бидат гости во рамките од првото квалификациско коло, што за овој тим е исто така историја, за прв пат играат натпревар од Евро лигата.

Без ланските носители на играта, некои заминаа, а Павле Атанасијевиќ и Емилијан Ѓоргоски се во првиот тим, но со неколку квалитетни засилувања, Александар Јовиќ и тимот ќе се обидат да одиграа што поквалитетно и со поволен резултат да се вратат во Битола, каде за седум дена ќе го играат реваншот.

“Пелистерци“ попладне ќе одржат полесен тренинг во салата каде што утре ќе се судрат со австрискиот тим, а натпреварот меѓу Алпла и Еурофарм Пелистер 2 започнува утре во 19 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »