Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: при контрола на движење на пешаци санкционирани 29 пешаци

Денеска (26.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 29 пешаци од кои, 24 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. Откриени биле и 14 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

More from ВестиMore posts in Вести »