Press "Enter" to skip to content

Во Битола 10. јубилејно издание, прва вечер “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ (фотогалерија)

-Летна вечер, бели балони, дрес код – бело, кој неофицијално скоро сите го почитуваат, преполн плоштад “Гоце Делчев“ во Битола, добра музика и забава…

-После две години пауза повторно атмосфера препознатлива за најголемиот настан во лето “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“, оваа година 10 јубилејно издание,.Синоќа на првата вечер од “Белата ноќ“ повеќе илјади битилчани и гости од други градови уживаа и се забавуваа на музиката и настапот на Камерен Оркестар на Битола – “Chamber Orchestra of Bitola ⋮IWConnec“ заедно со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и DJ Љубиша.Различни генерациии  уживаа во атмосфера препознатлива за традиционалната “Бела ноќ“, која претходните две лета не се одржа и ја очекуваа.  Изведувачите придружувани од Камерниот оркестар со диригент Владимир Димовски пред публиката со свој репертоар се претставија Наде Талевска сопран во МОБ, еден од најквалитетните наши женски вокали во поп-музиката.

Виктор Апостоловски нашиот „супермен“. Македонскиот оперски пејач, тенорот Нико Ѓоргиевски познат на јавноста по едно музичко шоу за потрага по таленти.Десетгодишниот Алексеј од Битола синоќа за прв пат пееше пред Битолчани заедно со Камерниот оркестар.Ламбе Алабаковски беше дочекан со силни овации. Еден од  звездите на М2 продукција како тинејџер, кога и започна неговиот брз успех и звезда преку ноќ, синоќа докажа дека се уште е звезда и миленик на сите генерации.Својот хит „Море од солзи“ ја отпеа во еден глас заедно со публиката. Со својот настап ја воодушеви публиката.Организаторорите се погрижија се да помине во најдобар ред, за да  присутните уживаат во музиката и единствена атмосфера на “Бела ноќ“ во Битола при што изјавија:После две години пауза  вечерва јубилејно издание на еден од најголемите настани на битолско културно “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“. Традиционално “Белата ноќ“  се одржува во рамки на битолско културно лето, кога и со неа официјално завршува.Првата вечер добра атмосфера и забава  со Камерен оркестар диригент Владимир Димовски придружувајќи ги Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Виктор Апостоловски, Ирена Димовска и Нико Ѓоргиевски. За крај забава со Ди џеј Љубиша.Ова само значи само едно дека така ќе продолжи и на втората вечер на која се очекува настап на  Кирил Џајковски кој гостуваше на првото, а ќе не забавува и на 10. јубилејно издание на “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“. Тука се  Дј Ацика  и  Дј Љубиша кои ќе направат уште подобра атмосфера на втората вечер од Белата ноќ.10. јубилејно издание на “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“, во рамки на “Бит Фест 2022“ е овозможен од Министерство за култура и Општина Битола.Поддржувачи  Samantha Red Bull Skopsko Smooth СКОПСКО, BAS – Biznis Akademija Smilevski,  JK Travel SN Krediti Државна Лотарија Државна Лотарија на Македонија (National Lottery of Macedonia) SN OSIGURITELEN BROKER P2P.mk BV Business Group SmartBi миња.  

 Екипа на bitolanews

More from ЗабаваMore posts in Забава »