Press "Enter" to skip to content

Во РЕК “Битола“ одбележан денот на рударите, комбинатот останува основата на електро-енергетскиот систем(фото)

Во РЕК “Битола“ беше одбележан Денот на рударите на кој присуствуваат миниситерот за министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, дитекторот на РЕК “Битола“ Пеце Матевски, вработени во РЕК “Битола“.Во своето обраќање министерот за економија Крешник Бектеши на почетокот се осврвна на важноста на овој сектор и на вработените во него и рече:-Рударите се наш бесценет човечки ресурс. Рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој. Северна Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба со особено внимание да се грижиме за наоѓалиштата на минерални суровини кај нас.Министерот потенцираше дека оваа година вниманието на Министерството за економија, како и на владата е насочено кон спречување и надминување на енергетската криза која ја зафати цел Европа па и светот.-Сигурноста во снабдувањето со енергија денес претставува основен универзален услов за стопански развој на една земја или регион. Според степенот на користење на енергијата може да се согледа нивото на економска, технолошка и културна подготвеност на секоја средина. Министерството за економија со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство, обрнувајќи посебно внимание на овој економски сегмент во насока на одржлив раст и развој, остварувајќи партнерски однос со човечкиот потенцијал кој работи во овој значаен економски сектор, кажа Бектеши.Генералниот директор и претседател на УО на на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, во своето обраќање истакна дека една грејна сезона успешно е зад нас, но следува уште една, нова, потешка, по сите предвидувања можеби најтешка во последните 70 години во Европа.-Во пресрет на Денот на рударите дозволете ми од мое име и од име на Управниот одбор на АД ЕСМ да им го честитам празникот на сите наши вработени, а пред се, на нашите рудари – од коишто почнува производниот процес во рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј, а за грејната сезона рече:-Изминатата грејна сезона покажа дека со силен ангажман на сите, почнувајќи од вработените, раководителите, директорите, менаџментот, сите заедно, можеме да ги пребродиме сите кризи. Јагленот е основата на производството на електрична енергија од РЕК Битола останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава. Наша цел како компанија е во иднина повеќе да вложуваме и тоа и го правиме: и во постоечките, но и во нови производни капацитети, кажа Ковачевски.-Изминатата грејна сезона покажа дека со силен ангажман на сите, почнувајќи од вработените, раководителите, директорите, менаџментот, сите заедно, можеме да ги пребродиме сите кризи. Една грејна сезона успешно е зад нас, но следува уште една, нова, потешка, по сите предвидувања можеби најтешка во последните 70 години во Европа. Мораме да работиме уште попосветено и уште посилно, нашиот влог во оваа криза е влог за себе, но и влог за сите граѓани. Трудот и пожртвуваноста на нашите вработени се забележани од сите, но и од државните институции, и од граѓаните. Препознаени се и од раководството на компанијата, упатувајчи јавна благодарност до сите вработени во АД ЕСМ.-Менаџментот вложи дополнителни напори за подобрување на условите за работа. Набавена е нова сопствена механизација за ископи во вредност од над 20 милиони евра, нови 6 еко автобуси за превоз на работниците во вредност од околу 2 милиони евра, нови возила за превоз на работниците низ рудникот од над 600 илјади евра, и многу, многу други работи. Овие набавки, оваа механизација, овие возила, од кои дел гледаме овде, покрај економска и технолошка вредност, имаат вредност и за условите за работа и за грижата за нашите работници.Се додека тука не ја изградиме гасната електрана која треба да замени два блока од термоелектраната и додека не го изградиме Чебрен, ние мора да се потпираме на РЕК Битола и секако и на РЕК Осломеј. Пред нас е нов предизвик. Уште потешка зима, со повисоки цени на енергенсите и на струјата. Токму затоа владата донесе задолженија и препораки за штедење на електричната енергија.И од ова место овде упатувам апел: да ја штедиме електричната енергија. Оваа зима од нас ќе се бара и труд, и уште поголем влог, но и уште поголема одговорност во нашите постапки како поединци. Знам дека умееме, знам дека можеме, знам дека мораме. Ви благодарам, Нека е честит денот на рударите, и сите да сте живи, здрави и успешни.По повод денот на рударите традиционално беа наградени вработени во РЕК “Битола“ а беа доделени и посебни признанија на вработени кои меѓу двете празнувања на овој празник се пензионирале во РЕК “Битола“ и “Осломеј“.

More from ВестиMore posts in Вести »