-На втората вечер настап на Кирил Џајковски на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола, повторно атмосфера препознатлива за најголемиот настан на битолско лето “Широк Сокак во бело, Бела ноќ во Битола“ 10. јубилејно издание.Забавата продолжи и на втората вечер од овогодинешниот настан “Широк Сокак во бело, Бела ноќ во Битола“. На почетокот на вечерта битолските ди-џеи Љубиша со својот саксофон и Ацика ја загреава атмосферата на плоштадот “Гоце Делчев“.
На полноќ започна настапот на Кирил Џајковски музичар и композитор со бендот во потполн состав. Публиката ги дочека со овации и воодушевување. Вокал на бендот Roots Man – (Vocalist / MC / Trombonist) Вокал, Ем си и тромбоист, музичар познат и на битолската публика ја забавуваше во негов стил, пееше, играше, свиреше на тромбон.
Публиката имаше можност да слушаат и се забавуваат на квалитетна музика која претставува единствен спој на македонски етно и модерен електорнски звук, создадена од еден од најголемите македонски музичари и композитор Кирил Џајковски. Со ова целиот настап беше еден спектакл, а фотографиите кои ги направи нашиот фотооблектив го зборуваат тоа.
Организаторите задоволни од двете вечери за организацијата на настанот „Бела ноќ“ изјавија:
-Повторно две вечери со повеќе изведувачи на јубилејно 10. издание на “Широк Сокак во бело, Бела ноќ во Битола“. Еден од најголемите настани на битолско културно лето. Со идеја да привлечеме повеќе публика, поголем број изведувачи и различни жанрови и стил музика. Многу квалитетни музичари се претставија и направија единствена атмосфера на овој настан.
На двете вечери на “Бела ноќ“ настапија : Камерниот Оркестар на Битола – “Chamber Orchestra of Bitola ⋮IWConnec“ заедно со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и DJ Љубиша прва вечер. На втората вечер настап на Кирил Џајковски во потполн состав.
-Со ова сакавме да ги задоволиме вкусовите на публиката. Се надеваме дека секој се забавуваше добро и на свој начин, со што ја постигнавме целта. Неколку илјади публика за овие две вечери зборува за успешно организираниот настан. Битолчани и на оваа „Бела ноќ“ ,добра атмосфера на прекрасна летна вечер, позитивни во бело се забаувааа, играат до доцна во ноќта или до зори, што би рекле, додадоа организаторите.
Традиционално “Белата ноќ“ се одржува во рамки на битолско културно лето, кога и со неа официјално завршува. Организаторите ветија добри изведувачи и настапи и следната година за која веќе започнаа да се подготвуваат.
10. јубилејно издание на “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“, во рамки на “Бит Фест 2022“ е овозможен од Министерство за култура и Општина Битола.
Поддржувачи Samantha Red Bull Skopsko Smooth СКОПСКО, BAS – Biznis Akademija Smilevski, JK Travel SN Krediti Државна Лотарија Државна Лотарија на Македонија (National Lottery of Macedonia) SN OSIGURITELEN BROKER P2P.mk BV Business Group SmartBi миња.
Екипа на bitolanews