Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола патува за Задар, Хрватска, каде ќе игра во завршницата на СЕХА лигата. Тренерот на “пелистерци“ Ларс Валтер, минатата седмица дебитираше во екипата, со победа на клупата на Еурофарм Пелистер. На средбата со новинарите пред заминувањето за Хрватска тој уште еднаш потврди дека бил одушевен од амбиентот и третманот од фановите.
-Беше фантастично против Мешков Брест. Фановите ја завршија својата работа и беше многу важно за нас да имаме таква поддршка. За мене посебно беше емотивно, бидејќи бев во многу клубови во Европа, но вакво нешто не сум видел досега. Беше задоволство, беше фантастично, а за натпреварите од “Ф4“ во Задар додава:
-Наша цел беше да стигнеме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и сега имаме голем предизвик во името на Веспрем, еден од најдобрите светки клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса. Од недела во недела учиме и учиме заедно. Тоа е она што треба да го правиме во следните месеци и мислам дека околу Божиќ ќе го видиме вистинскиот лик. Се надевам дека нема да направиме многу грешки по пат и цел ни е секој натпревар да биде што е можно подобар.