Press "Enter" to skip to content

На Стефи и Архан, битолските кугларски надежи, доделена стипендијата “Спортска надеж“

Стефанија Алексовска и Архан Арслановски, од Битола, членови на кугларскиот клуб Пелитстер од Битола се најнадежни македонски куглари кои минатата сезона беа победници во своите младински категории. Двајцата добија награда за нивната напорната работа и постигнати резултати и се добитници на стипендија од страна на Агенцијата за млади и спорт.

-Македонските младински репрезентативци Стефанија Алексовска и Архан Арслановски се добитници на стипендијата “Спортска надеж“ за 2022/23 од страна на Агенција за млади и спорт. Како што е добро познато, овие два битолски куглари имаа одличен настап на овогодинешниот Светски Куп во Естонија, се вели во објавата на Кугарската федерација на Македонија. 

Од Алексовска и Арслановски се очекуваат уште поголеми резултати во новата сезона. Арслановски на шампионатот во Естонија имаше одличен настап во првата фаза и обезбеди финале, додека Алексовска за малку не го повтори успехот на својот колега. 

More from СпортMore posts in Спорт »