И оваа учебна година НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прво одделение и од прва година во средните училишта.
Кампањата ја започнуваме со првачињата од ООУ„Елпида Караманди“- Битола на кои директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски лично им ги подели ваучерите и им посака среќен и успешен почеток.