Од јавното претријатие “Комуналец“ од Битола известуваат дека нивните екипи се секогаш на терен и се работи на работи кои се предвидени со планот и програмата која е одобрена од страна на Советот на Опптина Битола, но и на работи кои не се опфатени со неа.Кога се зборува за извршување на планот за работа, тоа е машинското метење на улиците, како дел од активностите на ЈП “Комуналец “се спроведуваше на следните локации, улиците “Никола Тесла“, “4-ти Ноември“, “8-ми Септември“, како и кружниот тек на “Дулие“.
“Комуналците“ деновиве пред почетокот на школската година го уредија и паркот пред училиштето “Тодор Ангелевски“, каде извршија сечење на стари суви дрва се за поголема безбедност на учениците и посетителите кои ги има во секој дел од денот.
Исто така екипите извршија и сечење на старо и судо дрво кое на се наоѓаше на тротоарот на улицата “Благојче Силјановски“, кои секако ќе претставуваше опасност за паркираните возила и минувачите.
Екипи задолжени за подигнување на сметот низ градот, деновиве го собираат и гломазниот отпад кој граѓаните го оставаат на местата каде се поставени контејнерите, наменети за друг отпад. “Комуналец“ и во иднина ќе продолжи со активностите за собирање на гломазен отпад.

ЈП “Комуналец“ работи според програмата за работа, на тековни и вонредни работи, но и на повик на граѓаните
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Во “Плинмонт” монтажа на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”
- “Улав сте да размислувате за сопствен бизнис во Пелагонија“, 15 млади со претриемачки вештини
- “Код 369“ со нов сингл “Револуција“
- Хотел “Епинал“, споделете ги најубавите моменти со нас!
- Пролетен саем, во “Ангромаркет Лозар“, од 7 до 8 април 2023