Press "Enter" to skip to content

Времен режим на сообраќај в недела во Битола, за трката “Трчај бе“, 4 септември 2022

 СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2022, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 04.09.2022 година (недела) во Битола, во временскиот период од 07,00 до 12,00 часот ќе преземе мерки на посебен режим на сообраќај на следните релации:

-Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – „Бул. 1-ви Мај“ од страната на Музичко училиште се до кружниот тек кај Педагошка – улица „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – улица „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“ Од Широк Сокак од ул. „Солунска“ до стартот на трката кој воедно е и цел.

Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула Апелираме до граѓаните паркинг местата кај Плоштад Магнолија односно Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак да бидат слободни во недела наутро со цел непречено движење на тркачите меѓу кои ќе има и репрезентативци на повеќе земји.

Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот.

Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба) повикајте ги надлежните служби.

Здружението „Трчај бе“ кое е организатор на настанот однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивното разбирање за овој голем спортски настан и ве повикува на бодрење на тркачите.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »