Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем, утре ќе игра за бронза против Нексе во СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер – Веспрем 27:41 (16:24)

Екипата на Еуеофарм Пелистер од Битола играше во Задар, Хрватска, во полуфиналето на СЕХА, но не успеа да направи подвиг, во првото историско учество на “Ф4“ турнирите. Ракометарите од Битола се поразено убедливо од унгарски Веспрем со резултат 41:27, полувреме 

“Пелистерци“ на стартот на натпреварор поведоа со 2:1 и 3:2 со головите на Суси, потоа се играше израмнето. Веспрем поведе +3 (5:8), а потоа и со +6 во 17. минута, а имаше и +10 (10:18). На одмор се замина со 24:16 за Веспрем.

Второто полувреме започна со серија 3:0 за Веспрем, за 18:28, а потоа беше и 20:34. До  крајот на средбата “пелистерци“ не можеа да одговорат на игртата на Веспрем, кој  заслужено победи и ќе игра ново финале.

Кај Еурофарм Пелистер најдобар стелец беше Усама Хосни со шест, пред Руди Сери со пет реализации.

Еурофарм Пелисер утре ќе игра натпревар за третото место во регионалното натпреварување, а ривал на пелистерци во битката за бронза во малото финале ќе биде хрватски Нексе.