Стартните пакети за “Трчај бе“ се подигнуваат денес, 3 септември, сабота, во фоалето на Центарот за култура во Битола.
Подигнувањето започнува со 10 часот, а натпреварувачите тоа ќе го направат до 19 часот, до кога волентерите на трката ќе им доделат.
Стартот е закажан во 8 часот, кај Саат Кулата, на Булевар 1-ви Мај (на истата локација е и целта), а натпреварувачите да бидат на стартот 30 минути порано.
5К стартува во 8.00, 21К старт во 8.05 и 10К старт во 8:10 часот.
Загреваме пред главната бина со Паљото.