Press "Enter" to skip to content

Сојузот на борци од Битола објави награден конкурс на слободна тема посвете на НОБ

По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна – Битола, распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“

слободна тема посветена на Народноослободителната борба на Македонија

Конкурсот е наменет за ученици од основните училишта од IV – IX одделение од Општина Битола.

  1. Конкурсот е наменет за лични творби (проза или поезија),а истите треба да бидат доставени од 05.09.2022 – 25.09.2022
  2. Личните творби треба да бидат потпишани со ПСЕВДОНИМ
  3. Творбите да се доставуваат со назнака НАГРАДЕН КОНКУРС „ ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“

– по пошта:  ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито“ бр. 89, Битола

– E-mail: sbmbitola@gmail.com (во ворд или пдф формат)

– лично: во просториите на ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито“ бр. 89 секој работен ден од 09:00ч – 12:00ч

 

* личните творби е потребно да бидат испечатени на А4 формат

Конкурсната комисија ќе избере три најдобри творби што ќе бидат наградени во износ од  по 3000 денари.  Со наградените ученици награда добиваат и наставниците во износ од 2000 денари. 

Награди за ученик или ученичка и наставник за категорија IV-V одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за категорија VI-VII одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за VIII-IX одделение

 

Наградите на учениците ќе бидат доделени на 11 октомври 2022 година, локацијата ќе биде дополнително објавена.

Наградниот фонд е обезбеден од средства на Општина Битола.

Битола, 05.09.2022                                                                                        ОО на СБМ-Битола                                                                                                                                                                                                                                                     Претседател: Стефан Бошков