Со концерт на женската група “Фрајле“ кој се одржа во античкиот театар во Хераклеја се затвори богатата концертна летна сезона на отворен0, во Битола, за која може да се каже дека имаше концерти за сите вкусови.Иако два пати одложуван концертот на “Фрајле“, првиот пат поради карантинот пред две години и ова лето поради невреме, битолчани дојдоа да уживаат во хитовите од нивните албуми и песни од други автори.
Битолчани кои дојдоа на нивниот концерт во Хераклеја на почетотокот со голем аплауз ги поздравија нивните миленички, а потоа заедно запеаја, заедно со Наташа, Јелена и Невена од триото “Фрајле“.
Битолчани заедно ја испеаја и песната “Јовано, Јованке“ од која преку видео запис од синоќа во ја пренесуваме атмосферата во Хераклеја, секако и преку фотогалерија.
Фото и видео: Агим Џело