Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за поседување марихуана, физички напади врз сопруга и комшија, 64 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 09.09.2022 полициски службеници од полициска станица Битола на ул ” Прилепска” во Битола  лишиле од слобода  20 годишник од Битола. При преглед кај истиот пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на настанот ќе следува сооодветна пријава.

На 08.09.2022 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на ул„Кузман Јосифоски“ кај домот на културата „Марко Цепенков“во Прилеп лишиле од слобода три лица од Прилеп на возраст од 18 и 19 години М.Г. и 20 годишник од Битола. При преглед кај истите пронајдена е марихуана. По документирање на настанот ќе следува сооодветна пријава.

На 08.09.2022 во СВР Битола 41-годишна жена од Битола пријави дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.09.2022 во СВР Битола  Б.К. (34) од Битола пријави дека на ул”Питу Гули “во Битола бил физички нападнат со остар предмет од неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во текот на вчерашниот ден (08.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 64 возачи. Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »