Press "Enter" to skip to content

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со барање Владата со 100 милиони денари да ја субвенционира струјата за жителите на Општина Битола

Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија“ до Советот на општина Битола поднесе иницијатива за донесување на одлука за субвенционирање на електричната енергија за жителите на општина Битола од страна на Владата на Република Македонија во висина од 100 милиони денари.

-Со оглед на тоа што Владата на Република Македонија го субвенционира парното греење на жителите на град Скопје и ги плаќа сметките за електрична енергија на жителите на општина Арачиново очекуваме Владата да донесе одлука за субвенционирање на сметките за електрична енергија на Битолчани! Очекуваме поддршка од страна на сите советнички групи на седницата на совет на 16.09.2022 година, стои во соопптението на советничката група на  коалицијата “За обнова на Македонија“ во Советот на општина Битола.