Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 поразен од Тинекс Пролет во Скопје

Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер 2 28:22 (14:11)

Во 2. коло од “Б“ супер лигата се одигра натпреварот во Скопје, каде екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, беше гостин на екипата на Тинекс, каде се поразени со 28:22, полувреме 14:11.

Првото полувреме започна со ефикасна игра, а екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаше гол предност, а Тинекс Пролет првото водство го имаше  5:4, а потоа беше 5:7, во 13. минута. Потоа следуваше серија на домаќинот од 4 гола, а на одмор се замина со 14:11.

На стартот на вториот дел поворно серија од 4:0, а резултатот беше 18:11 за Пролет. Во средината на второто полувреме “пелистерци“  намалија на -3 (22:19). Пролет врати со брзи голови и се доближи до победата 28:22. 

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 Петар Атанасијевиќ и Ненад Белистојановски со 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »