По две години пауза поради корона кризата вчера во Битола, љубителите на моторите и битолчани имаа прилика да уживаат во мирисот на бензин и изгорени гуми, посебно пред “Епинал“ каде поминаа учесниците на мото собирот, кој го организираше мото клубот “Конзули“ од Битола.
-Огромна чест и задоволство ни беше прво да го најавиме, а потоа да организираме 10. јубилејно дружење на 10. јубилеен мото собир кој ние со успех го организираме, и во Битола го носиме кремот од мото клубовите во Македонија, истакаа од МК “Конзули“.
Мото собирот започна во 17 часот на платото на Офицерскиот Дом во Битола, а сите учесници во Битола пристигнаа неколку часа порано и прошетаа низ Широк Сокак, а како ни рекоа дел од скопските моторџии да уживаа во саботното кафе и да ја почувствуваат кафе шемата.
А на зборното место се собраа моторџии и моторџивки, млади и возрасни моторџии, на мотори “хонда“, “јамаха“, “сузуки“, мали и големи, на две или четири тркала…
Потоа во 18 часот следуаше традиционалното мото дефиле низ градот, каде со бучава и горење на гуми моторџиите ги поздравија сите кои ги поздравуваа каде и да поминуваа низ битолските улици.
Во вечерните часови на платото пред Офицерски дом се одржа, како ни рекоа, добрата забава за која беа адолжени бендот “Halfgod“ од Кичево и “Soud Waves“ од Битола.
Мото клубот “Конзули“ додели и благодарници на истакнати свои членови и мото клубови кои редовно се учесници на мото собирите во Битола, а на сите учесници и на останатите кои ги сакаат моторите им порачаа “Возете внимателно и пијте одговорно“.

Мирис на безнин и гуми на Широк Сокак, 10. јубилеен мото собир на МК “Конзули“ од Битола (мегафотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
- По 62. пат по ред коледарски оган во “Ушици“ во Битола традиција ја негуваат пет генерации (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: со Даниел Камјаковски и Наум Петревски битолчани “влегоа“ во 2016 година (фотогалерија)
- Неделен ден исполнет со многу настани и голема посетеност на 9. ден на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- Димитар, Бојан и Викторија за забава во сабота вечер на 8. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, без репрезентативците и новиот тренер (фотогалерија)
- Билтен на МВР: физички напад врз полицајци, тешко повреден пешак, сообраќајка – едниот возач со 1,81 промили алкохол во крвта, малолетничко насилство, апсење за дрога…
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз










