Press "Enter" to skip to content

Првиот сингл на “Код 369“ на хрватски јазик доби видео запис, продукција “CroRec“

Групата “CODE 369“ од Битола интензивно ја освојуваат хрватската музичка сцена. Имено после промоцијата на својот деби-албум „Stages of Love“, објавен под закрилата на „Кроација Рекордс“, во Хрватска, го промовираат официјалниот видео запис за песната “Вистинска љубов “( Права љубав). Албумот „Stages of Love“ содржи дванаесет песни, а тоа е првиот албум што го создадоа и снимија под името „Код 369“.

Музиката за песната “Права љубав“ е на Даниел Митревски, текстот на Ирена Димовска двајцата од Битола, аранжманот на Даниел Митревски, Иле Лулевски, Коста Стевановски, видео продукција “CroRec“, видео менаџмент  “BABA Production“.

Ова е и првиот сингл на Код на хрватски јазик,кој зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. Код се повеќе и повеќе го привлекуваат вниманието на хрватската јавност, а за нив музичките критичари на најчитаниот музички портал glazba.hr, пишуваат:

-Првиот албум на поп-рок бендот тежнее кон зачинување на песните со дисторзии, прогресивни делови и трип хоп допири и е едно од најдобрите изданија на најголемата издавачка куќа во тековната година. Авторката на песните и пејачката Ирена, освојува со својот снажен вокал и контрола на истиот во различни регистри. Сето тоа го надополнува гитаристот, Даниел. Неговите музички делници се сржтта и рбетот на целокупниот звук на Код 369, а сето ова може да се чуе и види во синглот Права љубав“.

Хрватското дискографско здружение го смести албумот на Код во топ 5 кои дефинитивно треба да се чујат. Бендот летово  потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“.

„Код 369“ се формирани во 2020 година, како продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на „Памперс“: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали) и Иле Лулевски (тапани, придружни вокали). Нов член во Код е Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). Во музиката на групата се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации, кои проткајуваат во препознатливата рок-основа и влијанија на современата музика во домен на поп и рок. Во понатамошната соработка со Кроација Рекордс, ги очекуваат изданија на албуми, фестивали и секако медиумска промоција. Сето ова ќе им овозможи да го прават она што го сакаат, а тоа е создавање и изведување на музика. Со Кроација Рекордс како нивни сојузник, ќе допрат до уште повеќе слушатели кои ќе се запознаат со нивната музика.

More from ЗабаваMore posts in Забава »