Press "Enter" to skip to content

Во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 2, активни 39 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на КОВИД-19 Битола се  7.

Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од Битола се 2.

До сега во Битола има 17.867 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 39 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола 34 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 32 и “Плодност“ 2.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.