Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со нова првенствена победа, Голден Арт имаше сили за едно полувреме (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Голден Арт 32:25 (14:14)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кузманоски 1, Стоилевски, Радовиќ 2, Танкоски 4, Хосни 9, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски 4, Васиљев, Суси 5, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 3

Голден Арт: Даскаловски 1, Виларов, Јакиќ 4, Трајковски, Даев 2, Гучевски, Шилегов 5, Јанковски, Рајатовски 5, Павличковски, Илиев 4, Мандиќ, Налетовски, Милошески 1, Дрпљанин 1, Гошески 2.Во рамките на второто коло од Супер ракометната лига група “Б“ ракометарите на Еурофарм Пелистер на домашен терен запишаа нова победа, во Битола беше совладан новиот суперлигаш Голден Арт со резултат 32:25, полувреме 14:14. Голден Арт имаа сили само за едно полувреме, а во второто полувреме сите ракометари на домаќинот.Првото полувреме започна со водство на “пелистерци“ и имаа предност од 2-3 гола до средината на првиот дел. Голден Арт се врати во игра и поведе со +2,но на одмор се замина со реми 14:14.Еурофарм Пелистер започнаа многу посериозно во вториот дел и резултатот беше 20:17 по десетина минути, а потоа разликата беше до +6. Потоа десетина минути Голден Арт не постигна гол, а дојде до 24:17 во 47. минута, а потоа Еурофарм Пелистер лесно дојде до победа. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Хосни со девет и Суси со пет гола.Третото коло во групата “Б“ почнува веќе в петок со битолското дерби меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер. 

More from СпортMore posts in Спорт »